СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА МУ БИДЕ ОДРЕДЕН ПРИТВОР НА ЕКСДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР ПОПОВСКИ ЗА ФИКТИВНО ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКА АКТИВИСТКА

    СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА МУ БИДЕ ОДРЕДЕН ПРИТВОР НА ЕКСДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР ПОПОВСКИ ЗА ФИКТИВНО ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКА АКТИВИСТКАМесто притвор, судот на поранешниот в.д. директор на Централниот регистар му одреди поблаги мерки на претпазливост. - Централен регистар (Фото: СДК.МК)

    Судија на претходна постапка го одби барањето на Основното јавно обвинителство Скопје да му биде одредена мерка притвор на поранешниот в.д. Директор на Централниот регистар Андреја Поповски, коиј беше уапсен вчера затоа што наредил вработена партиска активистка три години да зема плата, да не оди на работа за да се посвети на задачи од партијата. Место притвор, нему му се одредени поблаги мерки на претпазливост.

    „Судија на претходна постапка го прифати предлогот на одбраната на лицето кое беше спроведено во Основниот суд Скопје 1 по пријава на Финансиската полиција, за определување гаранција со мерка за претпазливост. Согласно член 146, став 1, точка 2, 3 и 6 одреди обврска лицето да се јавува во Судот, привремено одземање на неговата патна исправа и забрана за воспоставување контакт со одредени лица поврзани со кривичното дело“, соопштија од Основниот кривичен суд.

    Како што утринава соопшти Основното јавно обвинителство Скопје, во периодот од 16.12.2014 година до 29.05.2017 година, Поповски во својство на в.д. директор на Централниот регистар, усно наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија.

    Акцијата на приведувањето и предистрагата ја водеше Финансиската полиција, која неодамна имаше голема акција во скопското село Љуботен со цел кордон специјалци од МВР, во која беа одземени неколку тони забранет тутун од тамошното население, а од која акција нема ниту едно осомничено лице.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира