ОБВИНИТЕЛКАТА ОД СЈО ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ПОВИКАНА НА СВЕДОЧЕЊЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО ВТОРНИК, ПО НЕА ЌЕ СЕ СОСЛУШУВА КАТИЦА ЈАНЕВА, ДОЗНАВА САКАМДАКАЖАМ.МК

    ОБВИНИТЕЛКАТА ОД СЈО ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ПОВИКАНА НА СВЕДОЧЕЊЕ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВО ВТОРНИК, ПО НЕА ЌЕ СЕ СОСЛУШУВА КАТИЦА ЈАНЕВА, ДОЗНАВА САКАМДАКАЖАМ.МКОд Обвинителството што го води Вилма Рускоска поканата на Стефанова ѝ била испратена по нејзината вчерашна изјава дека ѝ бил вршен притисок врз истрагата за „Империја“ во која таа ги сомничи Орце Камчев, Цветан Панделески и други лица, а следна на сослушување ќе биде повикана и Специјалната обвинителка Катица Јанева. (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството за организиран криминал и корупција ја повикало на сослушување во вторник Лиле Стефанова, обвинителката на предметот „Империја“ на СЈО , дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Поканата на Стефанова ѝ била испратена по нејзината вчерашна изјава дека ѝ бил вршен притисок врз истрагата во која таа ги сомничи Орце Камчев, Цветан Панделески и други лица.

    Истрагата за „Рекет“ ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска која ја проширува истрагата и со влијание врз предметната обвинителка од СЈО Лиле Стефанова.

    Неофицијално дознаваме дека следна на сослушување ќе биде повикана и Специјалната обвинителка Катица Јанева.

    Вчера, по објавувањето на разговори снимени од Орце Камчев со осомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13, Стефанова соопшти дека никогаш не барала дуќани и било што од Камчев, кој спомнува дека таа тоа го барала од него преку заедничкиот пријател градежниот гигант Ванчо Чифлиганец, сооственик на АДОРА. Орце сам без прашање од соговорникот Бојан Јовановски го кажува тоа за Стефанова и притоа сам си се снима.

    Стефанова рече дека Камчев сака да ја дискредитира, и веднаш по пуштањето на овој самоснимен разговор од Камчев, кажа дека всушност ситуацијата била обратна, односно дека врз неа имало обиди за влијанија и притисоци од Камчев и од Панделески да ја прекине истрагата.

    Потоа, Стефанова го спомена фактот дека Катица Јанева на колегиум предложила спогодба за вина, само да платат онолку колку што ја оштетиле државата со криминалните дејствија и да не одат в затвор, на што Стефанова се спротивставила.

    До денес, „Империја“ не е затворена истрага, неа и останатите истраги на СЈО ги замрзна Врховниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира