Легендарниот српски сценарист, драмски писател и режисер Гордан Михиќ почина на 80 години во неделата наутро после кратко боледување, соопшти неговото семејство.
Михиќ беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности, каде предавал филмско сценарио.
Автор е на култни дела како: „Среќна Нова ’49“, „Црна мачка, бел мачор“, „Дом за бесење“, според кои филмови снимија македонскиот режисер Столе Попов и српскиот режисер Емир Кустурица. За „Среќна Нова ‘ 49“ во 1986 ја доби Златната арена за најдобро сценарио на филмскиот фестивал во Пула.
Негови се сценаријата за некои од најпознатите филмови и серии на југословенската кинематографија, како: „Немањичи“, „Ранета земја“, „Туѓа Америка“, „Лажливо лето ’68“, „Камионџии“, „Сивиот дом, “„Балкан експрес“, „Дојде време да се проба љубов“, „Јагуаров скок“,„Кога ќе бидам мртов и бел“, „Заборавени“, „Танго Аргентино“, „Отворена врата“.