ФЕТАИ ОСТАНУВА ВО „ТИТАНИК 3“, ЈАНЕВА ОДБИ ДА ЈА ИЗЗЕМЕ

    ФЕТАИ ОСТАНУВА ВО „ТИТАНИК 3“, ЈАНЕВА ОДБИ ДА ЈА ИЗЗЕМЕОдбраната на обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ побараа изземање затоа што Јанева и Фетаи се скарале во четвртокот, поради тоа што Јанева наредила претрес и на Фетаи кога минувала преку влезната врата на СЈО. - Фатиме Фетаи; Катица Јанева (Фото: СДК.МК)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева го одби барањето на обвинетите за изземање на колегите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, кои го застапуваат нејзиното обвинение во „Титаник 3“.

    Одбраната на обвинетите тоа го побараа затоа што Јанева и Фетаи се скарале во четвртокот, поради тоа што Јанева наредила претрес и на Фетаи кога минувала преку влезната врата на СЈО.

    Во „Титаник 3“, за уништување изборен материјал се обвинети координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и сопартиецот Исмет Гури за време на локалните избори во 2013 година во Чаир.

    Судењето е при крај, на следното рочиште се очекуваат завршни зборови.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира