КАТИЦА ЈАНЕВА ДОЈДЕ СО АДВОKАТ НА РАСПИТ ЗА „РЕКЕТ“ КАКО ДА Е ОСОМНИЧЕНА

    КАТИЦА ЈАНЕВА ДОЈДЕ СО АДВОKАТ НА РАСПИТ ЗА „РЕКЕТ“ КАКО ДА Е ОСОМНИЧЕНАЗа разлика од досега сослушаните нејзини колеги од СЈО, кои беа повикани како сведоци, Катица Јанева дојде со адвокатот Стеван Павлески, што не кажува дека е повикана со статус на сведок. (Фото: К. Попов)

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција како повикано лице во истрагата „Рекет“.

    За разлика од досега сослушаните нејзини колеги од СЈО, кои беа повикани како сведоци, таа дојде со адвокатот Стеван Павлески, што не кажува дека е повикана со статус на сведок. Павлески е адвокат и на осомничениот во „Империја“ Цветан Панделески.

    „Јас сѐ уште сум обвинител на Специјалното јавно обвинителство. Се надевам дека денешната моја изјава ќе придонесе за успешно завршување на истрагата која е во тек“, рече Јанева.

    Таа кажа дека помошниците обвинители од СЈО ги имаат сите овластувања и оти се легитимни застапници на обвиненијата. Претходно, од СЈО на распит кај Вилма Рускоска беа Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.

    Во истрагата „Рекет“, осомничени за изнуда на 1,5 милиони евра со тргување со влијание врз јавен обвинител и перење пари се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои се во притвор од 15 јули. Во разговорите меѓу осомничениот Боки 13 и сведокот Орце Камчев, објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, се слуша и гласот на Јанева. По објавувањето на снимките, таа кажа дека преговарала со Камчев преку посредник за да биде сведок во нова предистрага на нејзиното обвинителство.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира