ПОЧИНА ДОКУМЕНТАРИСТОТ МЕТО ПЕТРОВСКИ

    ПОЧИНА ДОКУМЕНТАРИСТОТ МЕТО ПЕТРОВСКИМето Петровски беше снимател, филмски и телевизиски режисер, а во кариерата од скоро пола век режирал повеќе од 60 документарни и кусометражни филмови и бројни телевизиски емисии.

    Мето Петровски, еден од најистакнатите македонски режисери на документарни филмови, почина денеска во Скопје на 84 години.

    Петровски беше снимател, филмски и телевизиски режисер, а во кариерата од скоро пола век режирал повеќе од 60 документарни и кусометражни филмови и бројни телевизиски емисии.

    Дебитира со докуменатарецот „Селидби“, а со „Вирово“ учествува на Филмскиот фестивал во Кан во 1968.

    Завршил Филмска школа во Белград, на отсекот за филмски снимател. По едногодишната практика во „Вардар филм“, на конкурсот во Советот за култура на Македонија добил стипендија за студии на Филмскиот институт во Загреб, отсек режија, а паралелно студирал режија и светска и југословенска литература на загрепскиот универзитет.

    Во 1990-те години Петровски беше директор на „Вардар филм“ и претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ).

    Во 2011 ја доби наградата „Златен објектив“ која ја доделува Кинотеката за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира