НЕ ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА „ТАЛИР 2“ ЗА НЕЗАКОНСКАТА ИЗГРАДБА НА БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, СЕДИШТЕТО НА НАЈБОГАТАТА ПАРТИЈА ВО ЕВРОПА

    НЕ ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА „ТАЛИР 2“ ЗА НЕЗАКОНСКАТА ИЗГРАДБА НА БЕЛАТА ПАЛАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, СЕДИШТЕТО НА НАЈБОГАТАТА ПАРТИЈА ВО ЕВРОПАПокрај адвокатите на обвинетите во „Талир 2“ Никола Груевски и Кирил Божиновски, не дојде ни Божиновски, а ни обвинител од СЈО;- Кирил Божиновски на претходна постапка во Скопска апелација. (Фото: СДК.МК)

    Со многу тешкотии и изгубено време некако почна судскиот процес  „Талир 1“ на СЈО за незаконското финансирање со 4.6 милиони евра на ВМРО-ДПМНЕ, но вториот дел, „Талир 2“, денеска воопшто не почна. Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот „Талир 2“ зашто не дојдоа ниту адвокатите на Никола Груевски и на Кирил Божиновски, а не дојде ни  обвинетиот Божиновски.

    Адвокатите го известиле судот дека се спречени да присуствуваат на рочиштето поради присуство на друго рочиште, а некои биле во странство. На судењето немаше присутен ниту обвинител од СЈО.

    Алексовска-Стојановска следното рочиште го закажа за 19 септември.

    Во „Талир 2“ се обвинети Никола Груевски, кој е во бегство и има азил во Унгарија,  и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски. Обвинети се дека злоупотребувајќи ја службената положба, овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

    Пред судот веќе се води постапка за предметот „Талир 1“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на разни луѓе.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира