ДЕМОЛИРАН ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ, НАСИЛНИКОТ СНИМЕН СО БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИ

    ДЕМОЛИРАН ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ, НАСИЛНИКОТ СНИМЕН СО БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИЛицето е снимено од камерите поставени во ГТЦ и на видеото кое утрово го објави на својот фејсбук профил градоначалникот Петре Шилегов се гледа како го демолира кровот. (Фото: Принтскрин од видео)

    Демолиран е зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Едно лице синоќа ги искршило инсталациите на фонтаните, цевките и другите материјали кои досега се поставени за претворање на овој дел од ГТЦ во градина. Лицето е снимено од камерите поставени во ГТЦ и на видеото кое утрово го објави на својот фејсбук профил градоначалникот Петре Шилегов се гледа како го демолира кровот.

    Демолирањето е пријавено и во МВР, велат од Град Скопје.

    „Нема да застанеме заради вакви луѓе. Скопје ќе го биде сакал некој или не“, напиша Шилегов на Фејсбук.

    Град Скопје во февруари годинава почна со изградба на зелиот покрив на ГТЦ и, според најавите, требаше да биде готов во септември. Проектот предвидува да бидат зазеленити 1.800 квадратни метри, односно просторот што гледа кон Плоштадот Македонија. Ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира