ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО

    ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВОЕУ амбасадорот Самуел Жбогар со наградените новинари. (Фото: Твитер)

    Новинарите Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска денеска ја добија првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство за сторијата „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“.

    Новинарката Сашка Цветковска ја доби втората награда за сторијата „Тајните играчи од САД позади македонските ’фејк њуз‘ велешки сајтови“, а третонаградени беа новинарите Кристина Озимец и Васко Маглешов за сторијата „Пратеничките скандалозни суми за патни трошоци“.

    Наградите ги додели амбасадорот на Европската Унија во Скопје Самуел Жбогар, кој кажа дека професиналното новинарство е од исклучително значење за демократијата, а новинарите се најстроги набљудувачи на политичката елита.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира