АНДРЕЈ СТОЈАНОСКИ ПЕТТИ НА 200 МЕТРИ МЕШАНО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА ГЛУВОНЕМИ ВО САО ПАУЛО

    АНДРЕЈ СТОЈАНОСКИ ПЕТТИ НА 200 МЕТРИ МЕШАНО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА ГЛУВОНЕМИ ВО САО ПАУЛОСтојаноски пливаше во пет финални трки на првенството (Фото: Фејсбук)

    Андреј Стојаноски го освои петтото место на 200 метри мешано на Светското првенство во пливање за глувонеми, што се одржува во Сао Пауло.

    Дваесет и четиригодишниот Стојаноски во финалната трка оствари време од две минути, 16 секунди и 16 стотинки, при што за 11 секунди беше побавен од новиот светски шампион Рјутаро Ибара од Јапонија.

    Тој се квалификуваше во финалето со шестото најдобро време, кое изнесуваше 2:17,65 минути, за потоа да го оствари својот најдобар резултат на ова првенство.

    Стојаноски, кој работи со тренерот Методије Ангелевски, претходно пливаше и во финалето на 200 метри слободно (осмо место), 400 метри слободно (седмо), 800 метри слободно (десетто) и на 400 метри мешано (седмо).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира