ЗАКОНОТ ЗА ВЛАДИНИ РЕКЛАМИ ЌЕ ГО ЧЕКА НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАКОНОТ ЗА ВЛАДИНИ РЕКЛАМИ ЌЕ ГО ЧЕКА НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ

    Законот за владино рекламирање во медиумите што Владата го предложи и го достави до пратениците на прво собраниско читање, во предизборниот период ќе се стави на страна, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од две политички партии вклучени во Пржинскиот процес на договарање.

    Денеска овој закон не е на распоред за работата на собраниските тела.. Утре е седница за пратенички прашања. Во петок ќе се гласаат договорените работи меѓу партиите, кои веќе се преточени во законски измени, а после продолжениот викенд за празникот 2 август пратениците ќе заминат на одмор.

    Иако предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции се уште стои на веб-страната на Собранието подготвен, како што е наведено, за прво читање, оценето е дека овој закон не треба да биде донесен од овој парламентарен состав.

    Министерката за информатичко општество и јавна администрација Марта Томовска Арсовска веќе организираше неколку јавни расправи за содржината на законските решенија. Здружението на новинари на Македонија одби да учествува на расправите со образложение дека со овој закон ќе се легализира поткупот на медиумите од власта со народни пари.

    На 31 август Македонија веќе влегува во периодот 100 дена пред изборите, што значи, тврдат соговорниците, за предлог-законот за владините реклами ќе расправа новиот собраниски состав.

    Партиите потписнички на Договорот од Пржино минатата недела се договорија медиумските реформи, според препораките на Прибе да ги спроведат во првите шест месеци по конституирањето на новото собрание што ќе биде избрано, ако се оди според договореното, на избори на 11 декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари