„СЕАТ“ ПАДНА ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО

    „СЕАТ“ ПАДНА ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРОИнцидентот се случи на истото место кадешто и пред неколку месеци возило заврши во езерото (Фото: Твитер)

    На градското шеталиште во Охрид, пред хотелот „Ројал“, синоќа падна автомобил во езерото. Станува збор за возило од марката „сеат“ и се претпоставува дека било паркирано на паркингот до хотелот.

    На 3 април на истото ова место автомобил „пежо” исто така падна во езерото. Тогаш возачот се правдаше дека заборавил да ја крене рачната кочница.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира