САД ЌЕ ИСТРАЖУВА КАКО ДА СЕ ЛЕКУВА ДЕПРЕСИЈА СО ПОМОШ НА ПСИХОДЕЛИЧНИ СУПСТАНЦИ

    САД ЌЕ ИСТРАЖУВА КАКО ДА СЕ ЛЕКУВА ДЕПРЕСИЈА СО ПОМОШ НА ПСИХОДЕЛИЧНИ СУПСТАНЦИУниверзитетот „Џонс Хопкинс“ отвори нов центар за истражување на психоделични супстанци, а работел на испитување на влијанието на псилобин, активна состојка во магични печурки во лекувањето на хронична депресија (Фото: Гети)

    Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор отвори нов центар за истражување на психоделични супстанци. Целта на Центарот, отворен со 17 милиони долари од донатори, е да ѝ ја даде на психоделичната медицина долгобараната научна поткрепас. Ова е прв ваков центар во Мериленд, а ќе го истражува влијанието на ЛСД и псилобин на спектaр на разни психички здравствени проблеми, вклучувајќи и анорексија, зависност и депресија.

    Кралскиот колеџ во Лондон во април објави дека го отворил првиот центар од ваков вид во светот, со 3.5 милиони долари од приватни извори.

    Уште од детството, Рејчел Питерсен живеела со необјасниво чувство на тага дека ниту еден лек или терапија со стручно лице може да помогне. Во 2017, таа волонтирала во малото клиничко истражување на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ каде работеле на испитување на влијанието на псилобин, активна состојка во магичните печурки во лекување на хронична депресија.

    „Бев многу депресивна. Имав чувство дека светот ме напуштил, и дека сум го изгубила правото да живеам на оваа планета. Моите мисли беа заробени, се чувствував изолирано“, вели 29-годишната Питерсон.

    Идејата за халуцинирање со часови под дејство на голема доза на психоделични супстанци беше страшна, вели таа, но реалноста била значително поинаква.

    „Го искусив тоа чувство на единство, на постојана љубов, чувство дека повеќе не сум сама“, изјави таа на промоцијата на истражувачкиот центар.

    „Ова е возбдулива иницијатива која дава нов фокус на напорите да се дознае повеќе за умот, за мозокот и за психичките растројства преку истражување на психоделичните супстанци“, изјави д-р Џон Кристал, шеф на одделот за психијатрија на Универзитетот Јеил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира