МИЛОШОСКИ ЛАЖЕ, НЕ СУМ КАЖАЛ ДЕКА ЈАНЕВА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР, КАЖА ЗАЕВ

    МИЛОШОСКИ ЛАЖЕ, НЕ СУМ КАЖАЛ ДЕКА ЈАНЕВА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР, КАЖА ЗАЕВЈанева е во притвор од 21 август како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата во случајот „Рекет“. - Премиерот Зоран Заев (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев вели дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски излажал кога изјави дека Заев на лидерската средба во вторникот дека специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде пуштена од притвор за 10 дена.

    „Мојот коментар беше дека од адвокатката Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата, заради невлијание на сведоците, невлијание на предметите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски“, изјави Заев утринава пред обраќањето на Балканскиот претприемачки самит во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

    Јанева е во притвор од 21 август како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата во случајот „Рекет“.

    За преговорите за новиот Закон за јавно обвинителство, тој рече дека продолжуваат со цел да се најде решение кое ќе биде поддржано со двотретинско мнозинство или со консензус. Според Заев, иако предметите се обезбедени и одат под надлежност на јавниот обвинител, решение мора да се најде.

    „Продолжуваме да разговараме и со ВМРО-ДПМНЕ и со другите партии во парламентот за да изнајдеме решение. Не се откажуваме. Мислиме дека можеме да најдеме решение. Принципиелно сме поставени. Апсолутно мислиме дека поставуваме авангардни чекори отворајќи како понуда обвинителство за гонење на висока корупција каде што обвинителот ќе биде на предлог на опозицијата, а парламентот ќе го бира“, кажа Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира