ЕДЕН МЕСЕЦ ПАУЗА ВО СУДЕЊЕТО ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ЕДЕН МЕСЕЦ ПАУЗА ВО СУДЕЊЕТО ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“

    Судскиот процес за настаните во кумановското Диво насеље од 9 и од 10 мај минатата година, ќе има пауза од околу еден месец, а следното рочиште е закажно за 6 септември, објави „Мета“ повикувајќи се на извори од Кривичниот суд. И следното рочиште ќе биде затворено за јавноста и нема ќе може да го следат новинарите, бидејќи сè уште не е завршено сослушувањето на заштитените сведоци предложени од Обвинителството.

    Од судот велат дека паузата е по договор меѓу адвокатите на одбраната и судечкиот совет, односно меѓу странките во постапката, и дека едномесечниот период нема да го наруши континуитетот на судењето. Според законските одредби, ако 60 дена не се одржи ниту едно рочиште за одреден предмет, судењето треба да почне од почеток.

    Инаку, последното рочиште за случајот „Диво насеље“ пред паузата се одржа вчера, и како и претходните неколку беше затворено за јавност. Според судот, и вчера дел од обвинетите се пожалиле на здравстевни проблеми и тврделе дека биле малтретирани, поради што била повикана и екипа на итна помош. Но, по прегледот на обвинетите, лекар констатирал дека тие можат да го следат рочиштето.

    Судскиот процес против 29 обвинети во случајот „Диво насеље“ почна на почетокот на февруари годинава. На почетокот на јуни целиот процес почна одново, откако обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистичка поддршка за кумановската група.

    Во настаните во Куманово загинаа осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети, додека во борбите со полицијата беа убиени 10 членови на вооружената група.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира