Додека низ цел свет милиони луѓе денеска протестираат против климатски промени, руската престолнина Москва понуди сосема поинаква слика: еден единствен демонстрант во срцето на градот.
Аршак Макичјан веќе шест месеци ги организира протестите „Петоците за иднината“ и секој пат само тој се појавува. Неговите пријави за групен протест во центарот на Москва постојано се одбиваат од руската влада.
„Тие велат дека можеме да протестираме во парк, но таму и онака никој не оди“, изјави 24-годишниот Макичјан.
Виолинист по професија, тој вели дека бил инспириран од шведската тинејџерка Грета Тунберг, која и го покренала ова глобално движење на младите, протестирајќи сама пред зградата на шведскиот парламент.
„Мислев дека климатските промени се само наука, но Грета со вистински зборови ни објасни зошто сите треба да бидеме засегнати“.
Русија е четвртиот најголем загадувач со штетни гасови, по Кина, САД и Индија и сѐ уште не го ратификувала Парискиот климатски договор.