Одлуката на Борис Џонсон да го суспендира британскиот парламент е незаконска, пресуди Врховниот суд.
Џонсон го суспендираше парламентот на пет недели, со цел, како што кажа, да се овозможи во традиционалниот Говор на кралицата да се нагласат неговите нови политики. Сепак, највисокиот цивилен суд на Британија заклучи дека било погрешно да се спречи парламентот во извршувањето на неговите должности.
„Ефектите врз основите на нашата демократија беа екстремни“, изјави претседателката на судот, Лејди Хејл.
Сепак, оваа одлука не значи автоматско поништување на пророгацијата и спикерите на двата дома во парламентот сега треба да решат што понатаму. Спикерот на Претставничкиот дом Џон Беркоу ја поздрави одлуката и најави дека брзо ќе дејствува.
„Парламентот мора да се свика без одложување и за тоа итно ќе се консултирам со лидерите на партиите“, изјави Беркоу.