МРАЗОТ ПОВЕЌЕ СЕ ТОПИ, НИВОТО НА ОКЕАНИТЕ РАСТЕ ПОБРЗО, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈ НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

    МРАЗОТ ПОВЕЌЕ СЕ ТОПИ, НИВОТО НА ОКЕАНИТЕ РАСТЕ ПОБРЗО, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈ НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИНајлошото сѐ уште може да се избегне ако итно и драстично се намали со емисиите на штетни гасови (Фото: АП)

    Климатските промени уништуваат мориња и замрзнати региони како никогаш досега, се вели во нов клучен извештај на Обединети нации, објавен два дена по специјалниот самит за климата.

    Според панелот на научници на ОН, нивото на водата расте, мразот се топи, а животински видови се преселуваат како последица на човечки активности. Исто така, океаните стануваат потопли и покисели и губат кислород со досега невидено темпо.

    Тие велат дека губењето на постојано замрзнати области може да доведе до ослободување на уште повеќе јаглерод, но се надеваат дека најлошото сѐ уште може да се избегне доколку итно и драстично се намали со емисиите на штетни гасови.

    Ова е трет во серијата специјални извештаи што во последните 12 месеци ги направи Меѓувладин панел за климатски промени и се фокусира на влијанието на покачените температури врз океаните и замрзнатите региони.

    „Сината планета е во сериозна опасност, трпи големи навреди од разни страни и сето тоа е наша грешка“, вели д-р Жан-Пјер Гатузо, еден од авторите на студијата.

    Научниците забележуваат дека океаните постојано се загреваат од 1970 година и во најлошото сценарио, предвидуваат пораст на нивото на водата од 1,1 метар до 2100 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира