Советот на Општина Охрид на денешната седница не расправаше за состојбите на охридските плажи. Иако беше најавена како точка на дневниот ред, градоначалникот Константин Георгиески ја повлече, со напомена дека за ова прашање ќе се расправа на следната седница на Советот.
Ваквата одлука е донесена поради потребата од комплетирање на документацијата што ја побара Антикорупциската комисија, соопштија од локалната власт.
Охридските плажи неколку години работат на диво, односно ниедна од нив нема добиено концесија.
Д. ЧУБРИЌ