СЕДИШТЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ФРЛЕНО НА СТРАНА, ТУКУ ВО ЦЕНТАРОТ, КАЖА ШИЛЕГОВ ЗА ПРОДАЖБАТА НА ГРАДСКАТА КУЌА

    СЕДИШТЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ФРЛЕНО НА СТРАНА, ТУКУ ВО ЦЕНТАРОТ, КАЖА ШИЛЕГОВ ЗА ПРОДАЖБАТА НА ГРАДСКАТА КУЌАШилегов не сакаше да кажe на која локација ќе се сели градската администрација откако ќе се продаде градската куќа.(Фото: К.Попов)

    Граѓаните не беа прашани дали сакаат барокна градска куќа на таа локација, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали ги прашал скопјани за намерата да го продава објектот и дека тој не е негов личен имот.

    „Продажбата на градската куќа е одлука на Советот на Град Скопје а продажбата ќе биде јавна на аукција, која ќе биде транспарентна. Местото на администрацијата на главниот град не е некаде фрлено на страна, туку во центарот на градот. Тоа што некој ниту имал визија, ниту се грижел, ниту знаел и умеел да определува што се приоритети на Град Скопје во минатото, е една од причината зошто живееме во ваков град во овој момент. Негрижата за јавниот транспорт, за топловодната мрежа се дел од причините поради кои овој град е меѓу најзагадените. Ако знаеле што се приоритети на Град Скопје немаше да ја фрлат градската куќа таму каде што е фрлена“, рече Шилегов.

    Тој не сакаше да кажа на која локација ќе се сели градската администрација откако ќе се продаде градската куќа.

    „Дозволете да започне процесот да видиме дали ќе ја продадеме, а потоа со средствата кои ќе ги обезбедиме ќе имаме многу посоодветни простории“, додаде Шилегов.

    Советот на Град Скопје вчера донесе одлука да ја продава барокната градска куќа на јавна аукција по почетна цена од 12,7 милиони евра, цена по која е проценет објектот.

    Причина за продажбата е тоа што во објектот немало место за сите вработени, туку само за 350 административци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира