УСТАВНИОТ СУД НЕМА ПРАВО ДА ПОНИШТУВА ОДЛУКИ НА РЕДОВНИТЕ СУДОВИ, МУ КАЖА ЏОЛЕВ ЗА ПОНИШТУВАЊЕТО НА КАЗНИТЕ ШТО ИМ ГИ ИЗРЕЧЕ КАЦАРСКА НА АДВОКАТИТЕ ВО СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    УСТАВНИОТ СУД НЕМА ПРАВО ДА ПОНИШТУВА ОДЛУКИ НА РЕДОВНИТЕ СУДОВИ, МУ КАЖА ЏОЛЕВ ЗА ПОНИШТУВАЊЕТО НА КАЗНИТЕ ШТО ИМ ГИ ИЗРЕЧЕ КАЦАРСКА НА АДВОКАТИТЕ ВО СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛКазнетите адвокати со по 1.000 евра се жалеа, изгубија пред Апелација, па поднесоа иницијатива пред Уставниот суд. - Адвокатите на обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април 2017 пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Во однос на одлуката на Уставниот суд на РСМ, а поврзана со решенија од предметот за настаните од 27  април 2017 година, за парични казни на 50-тина адвокати во постапката, рече дека не може да се согласи со одлуката на Уставниот суд од пред два дена со која се поништуваат решенијата на Основниот кривичен и на Апелациониот суд Скопје. Но, додава во соопштението, дека во целост ќе ги почитува.

    „Кривичниот суд го цени фактот дека одлуката на Уставниот суд на РСМ не е донесена едногласно и дека таа содржи и издвоени мислења на одредени уставни судии на кои мислења се приклучува. Имено, според издвоените мислења, ’со изречените парични казни поради нарушување на редот во судот, апсолутно не е доведена во прашање повредата на правото на мислење и слободата на изразување на мислата‘. Дополнително е наведено и дека ’Со поништување на одлуките на Кривичниот и Апелациониот суд, Уставниот суд на РСМ постапува како инстанционен суд, а таква надлежност нема‘ односно Уставниот суд на РСМ нема надлежност да поништува одлуки на редовните судови“, цитира претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев издвоени мислења на одредени уставни судии кои гласале поинаку од мнозинството.

    Судијката Добрила Кацарска на 16 октомври 2018 година казни 50-тина адвокати кои се жалеа дека немаат услови за работа откако таа ги префрли од новата, во старата зграда на Основниот суд Скопје 1, поради технички причини и неможност да се мутира гласот на заштитениот сведок. Тие бараа одлагање на рочиштето, а Кацарска, во консултации како што кажа во повеќе наврати со притворените за насилствата на 27 април 2017 година, кои не биле за развлекување на судењето, одбиваше а ги одлага рочиштата.

    Казнетите адвокати со по 1.000 евра се жалеа, изгубија пред Апелација, па поднесоа иницијатива пред Уставниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира