Граѓани, риболовни друштва и нуркачки клубови денеска ја чистеа реката Вардар во Скопје од фрлени гуми. Под Камениот мост беа извадени педесетина гуми од автомобили и камиони.
Од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, што ја организира акцијата, рекоа дека гумите ќе бидат однесени во скопската Зоолошка градина, за реквизити за животните.
Во акцијата се вклучија нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, а е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести.