Тројца научници ќе ја поделат годинашната Нобелова награда за физика за историски откритија за вселената.
Американецот Џејмс Пиблс од Универзитетот Принстон во Њу Џерси ја добива наградата за неговиот придонес во разбирањето на еволуцијата на универзумот и на местото на Земјата во вселената. Заедно со свои соработници, тој го предвидел постоењето на радијацијата на космички микробранови, која е последица на Големата експлозија.
Швајцарските астрофизичари Мишел Мајор (77) и Дидје Келоз (53) во 1995 година ја открија првата планета надвор од нашиот Сончев систем, таканаречена егзопланета. Станува збор за гасниот гигант 51 Пегази б, кој кружи околу ѕвезда на оддалеченост од 50 светлосни години.
Тие ќе поделат сума од девет милиони шведски круни (918.000 долари).