ОХРИДСКА ТАБАНА, КАДЕ КАФЕАНЏИИТЕ НАПРАВИЈА ДЕПОНИЈА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР, ЌЕ СТАНЕ ЦВЕТНА ОАЗА

    ОХРИДСКА ТАБАНА, КАДЕ КАФЕАНЏИИТЕ НАПРАВИЈА ДЕПОНИЈА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР, ЌЕ СТАНЕ ЦВЕТНА ОАЗАТабана летоска беше едно од најгрдите места во градот поради ѓубрето што го фрлаа кафеанџии, но никој не беше казнет. (Фото: СДК.МК)

    Месноста Табана во строгиот центар на Охрид, каде што околните кафеанџии летоска фрлаа остатоци од храна, прераснува со цветна оаза.

    „Овој проект е дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште и предвидува и поплочување и партерно уредување. Дотраените бекатон плочки ќе бидат заменети со гранитни плочки и коцки, а ќе се изведат и соодветно осветлување и хортикултурно уредување”, соопшти локалната власт.

    Летоска, ова место беше едно од најгрдите во градот поради остатоците од храна што ги фрлаа кафеанџии. Никој не беше казнет. Место казни, капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа во Охрид Горан Устијаноски кон крајот на август најави дека ќе се собираат пари за на газдите на рестораните да им се купат канти за ѓубре.

    За овој зафат се издвоени 2,7 милиони денари и е финансиран од Центарот за развој на Југозападен Плански Регион.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира