Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска денеска им ги додели дипломите на 37-те дипломирани кандидати кои ќе бидат избрани за судии и обвинители.
Прворангиран со најмногу бодови е Даниел Коцев, кандидат за обвинител, а втора е Маја Јанушев, кандидатка за судија. Треторангирана по успех е кандидатката Сузана Димитриева.
За целиот период од над три години додека овие кандидати се обучуваа на Академијата, немаше избор на судии во основните судови и во основните јавни обвинителства.
На церемонијата во Врховниот суд беа највисоката судска и обвинителска власт, министерката за правда Рената Дескоска, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и други дипломатски претставници.
С. К. ДЕЛЕВСКА