ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ПРЕД СИНАГОГА ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ХАЛЕ

    ДВАЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ПРЕД СИНАГОГА ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ХАЛЕПолицијата објави дека имало повеќе од еден напаѓач (Фото: Ројтерс)

    Најмалку две лица се убиени во пукањето во источногерманскиот град Хале, потврди полицијата.

    Весникот „Билд“ објави дека нападот се случил во близина на синагога, при што биле испукани повеќе истрели пред напаѓачите да избегаат со автомобил.

    Полицијата ги предупреди жителите на областа Паулус да останат во своите домови, бидејќи никој досега не е уапсен. Сведоците изјавија дека напаѓачот носел маскирна униформа и имал повеќе оружја, при што наводно било фрлено експлозивно средство кон еврејските гробишта.

    Според првичните извештаи, две лица се убиени. Напаѓачите избегаа со автомобил и трае потрага по нив“, соопшти полицијата на Хале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира