СЕ УРИВА БЕТОНСКОТО КАФУЛЕ НА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

    СЕ УРИВА БЕТОНСКОТО КАФУЛЕ НА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦНа местото на кафулето ќе се постави зеленило. (Фото: Фејсбук)

    Екипи ангажирани од Град Скопје денеска почнаа да ја уриваат бетонската конструкција за кафуле на зелениот покрив на Градскиот трговски центар. Се врши демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот.

    По реакциите на граѓаните дека не треба на има објект на овој простор туку тој да биде само зелена градина, градоначалникот Петре Шилегов во четвртокот донесе одлука објектот да се урне и на негово место да се постави зеленило.

    Се врши демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот. (Фото: Фејсбук)

    „По реакциите на граѓаните, најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата Го Сакам ГТЦ, започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Шилегов.

    Како што најавуваат од Град Скопје зелениот покрив на ГТЦ треба да биде готов наредниот месец.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира