РАСИСТИЧКИ СКАНДИРАЊА НА БУГАРСКИТЕ НАВИВАЧИ ДВАПАТИ ГО ПРЕКИНАА МЕЧОТ СО АНГЛИЈА, УЕФА ЌЕ ГО ИСТРАЖИ СЛУЧАЈОТ

    РАСИСТИЧКИ СКАНДИРАЊА НА БУГАРСКИТЕ НАВИВАЧИ ДВАПАТИ ГО ПРЕКИНАА МЕЧОТ СО АНГЛИЈА, УЕФА ЌЕ ГО ИСТРАЖИ СЛУЧАЈОТАнгличаните обвинија група од 50-ина навивачи дека правеле политички фашистички гестови (Фото: Гети)

    Бугарија се соочува со казна од УЕФА откако нејзиниот квалификациски натпревар со Англија во Софија двапати беше прекинат поради расистички скандирања од трибините.

    Групата за антидискриминација во фудбалот ФАРЕ имаше свои набљудувачи на стадионот „Васил Левски“ и најави дека ќе ѝ помогне на УЕФА да собере докази за скандалозното однесување на домашните навивачи.

    Првата пауза се случи во 28. минута, кога официјалниот спикер на стадионот предупреди дека мечот целосно ќе биде прекинат ако се повтори сличен инцидент. Сепак, играта повторно беше запрена во 43. минута и судијата одлучи средбата да продолжи дури по консултациите со англискиот селектор Саутгејт.

    „Слушнав расистички извици и видов група од 50 луѓе, сите во црно, како прават нешто што личеше на политички фашистички гестови. Зборував со играчите и со стручниот штаб и сите беа видно вознемирени, но одлучија да го доиграат мечот“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Англија, Грег Кларк.

    Тој додаде дека добил најави од УЕФА дека овие инциденти ќе се истражат.

    Стадионот „Васил Левски“ и сега беше делумно затворен како казна за расистичките скандирања на средбите со Косово и Чешка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира