ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ СО КНИГА КОЛУМНИ, ДОНАЦИИТЕ ЌЕ ОДАТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ

    ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ СО КНИГА КОЛУМНИ, ДОНАЦИИТЕ ЌЕ ОДАТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИКнигата колумни е објавена во три томови, содржи 329 колумни, на над 1.000 страници во издание на Фондацијата „Ѓорги Марјановиќ“, а ќе биде промовирана в петок во 12 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

    Професорот Ѓорѓи Марјановиќ в петок ќе ја промовира книгата „Колумни“, која нема да се продава на стандарен начин, туку ќе се добива со донирање износ по сопствен избор.

    Книгата ја издава Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, а приходите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, деца на самохрани родители, невработени лица, лица со попреченост и останати ранливи категории.

    „Со оглед на тоа што тој на рана возраст ги губи и таткото и подоцна очувот (чие презиме цел живот го носи), наш фокус се помошта за школување и вработувања на деца без родители, деца на самохрани родители, но и останати ранливи категории“, велат од Фондацијата.

    . Книгата ги содржи колумните на професорот Марјановиќ, пишувани за весникот „Дневник“ во период од 1998 до 2006

    Промоцијата е закажана во 12 часот во свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Книгата ги содржи колумните на професорот Марјановиќ, пишувани за весникот „Дневник“ во период од 1998 до 2006. Организатори на настанот се Фондацијата и Правниот факултет.

    Книгата ќе ја промовираат: Владимир Петрушевски-Фили, претседател на Фондацијата, Бранко Секуловски, судија во пензија, Александар Дамовски, еден од основачите на „Дневник“ и Александар Марјановиќ, син на професорот, кој е извршен директор на Фондацијата. Книгата објавена во три томови содржи 329 колумни, на над 1.000 страници.

    „Сѐ она што Марјановиќ го започна во 1984 со неговата битка за укинување на вербалниот деликт како основен предуслов за развој на демократијата и создавање на повеќепартиски систем во тогашната СФРЈ, и сѐ она што се обидел да го реализира со првата политичка партија во Македонија, Лигата за Демократија, со визија ‘Македонија да стане пристојно место за живеење’, сега продолжува да го реализира Фондацијата ‘Ѓорѓи Марјановиќ’ , со активности директно поврзани не само со оваа цел, туку и со афинитети по кои јавноста го познава професорот Марјановиќ – неговата љубов кон книгата, музиката, уметноста, планинарењето, неговите способност за дебатирање“, велат од Фондацијата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира