Охридскиот чинар стар 11 века, со одлука на Министерството за животна средина е прогласен за природна реткост.
„Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот Чинар, инаку дел од долгата историја на Градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда, е прогласено за природна реткост. Називот на природната реткост е „Чинар – Охрид“. Решението доаѓа по претходно изработениот елаборат за валоризација, санација и ревитализација на чинарот на плоштадот Чинар од страна на Општина Охрид и Одлуката на Советот на Општина Охрид за потребата од прогласување на стариот чинар за природна реткост”, сооштија од охридската локална власт.
Се смета дека охридскиот чинар дека бил засаден кон крајот на деветтиот и почетокот на 10 век, во време кога во Охрид престојувал заштитниокот на градот Свети Комент Охридски. Ова дрво во последниве децении неколку пати беше оштетено во временски неприлики, а делови од него отпаѓаа и поради старост.
Д. ЧУБРИЌ