ТРЕБА УШТЕ МАЛКУ ДА СЕ СТРПИТЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, КАЖА МАКРОН ПО СРЕДБАТА СО МЕРКЕЛ

    ТРЕБА УШТЕ МАЛКУ ДА СЕ СТРПИТЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, КАЖА МАКРОН ПО СРЕДБАТА СО МЕРКЕЛОвој пат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите - Емануел Макрон ја пречекува канцеларката Ангела Меркел во Тулуз. (Фото: АП)

    Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ, рече францускиот претседател Емануел Макрон на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот во Тулуз, Франција.

    Макрон кажа дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но, тоа засега не е доволно.

    „Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно гледано морам да им порачам, овој пат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите,“ рече Макрон.

    Наспроти ваквата порака на Макрон, канцеларката Меркел рече дека има уште малку простор до утре на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира