ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПОСЛЕДНА ПРЕСМЕТКА

    ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИЦКОСКИ НАЈАВИ ПОСЛЕДНА ПРЕСМЕТКАОд денеска почнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, рече Мицкоски на партиската трибина во гевгелија. (Фото: МИА)

    Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на предвремени избори и најави „последна пресметка“ со власта, од партиската трибина во Гевгелија.

    „Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска почнува последната пресметка, од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. Од денеска ве повикувам секој оној кој мисли дека политиките на Зоран Заев и на СДСМ се погрешни, го повикувам да ни се придружи, без разлика дали е некој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Македонија или е некој од редовите на СДСМ и нивната коалиција, ако сте незадоволни ако мислите дека вашата иднина е загрозена повелете придружете ни се, нашите врати за вас се отворени“, рече Мицкоски вчера заклучувајќи го долгиот говор во Гевгелија.

    Повикувањето на „конечна пресметка“ не е ново во реториката на ВМРО-ДПМНЕ, го воведе избеганиот експремиер и сега почесен претседател на партијата  НиколаГруевски, кога како премиер се обрати на прославата на Илинден во 2009, а потоа редовно ја користеше оваа фраза против сите политички противници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира