ЕЛЕКТРОВОЗИЛОТО НА ИДНИНАТА Е СЕКСИ, ВЕЛИ ДИЗАЈНЕРОТ СЛАВЧЕ ТАНЕВСКИ СО НЕГОВ ВТОР МОДЕЛ НА МЕРЦЕДЕС ПРЕТСТАВЕН НА САЕМОТ ВО ФРАНКФУРТ

    ЕЛЕКТРОВОЗИЛОТО НА ИДНИНАТА Е СЕКСИ, ВЕЛИ ДИЗАЈНЕРОТ СЛАВЧЕ ТАНЕВСКИ СО НЕГОВ ВТОР МОДЕЛ НА МЕРЦЕДЕС  ПРЕТСТАВЕН НА САЕМОТ ВО ФРАНКФУРТКонцепт ЕКА, целосно дизајниран од македонскиот дизајнер Славче Таневски, е прво електрично возило на Мерцедес-Бенц во компактната класа. - Славче Таневски

    На автосаемот во Франкфурт утринава беше премиерно претставен „мерцедес-бенц концепт ЕКА“, вториот модел на германската компанија целосно дизајниран од македонскиот дизајнер Славче Таневски. „Концепт ЕКА“ е прво електрично возило на „Мерцедес-Бенц“ во компактната класа и е придвижувано од два електрични мотора поставени во предниот и задниот дел на возилото со вкупна моќност од над 200 киловати. Опсегот на движење со помош на батеријата е околу 400 километри, во зависност од капацитетот на инсталираната батерија.

    На прашањето дали автомобилот уште треба да биде скулптура која буди емоции и привлекува или е само обичен секојдневен предмет на користење, дизајнерот Таневски одговори: „Електровозилото на иднината е секси. Има привлечна и моќна појава на патот. Стои самоуверено и стабилно. Формата е излиена од мазно скулптуриран волумен, како кај летечка чинија“.

    Првиот автомобил дизајниран од скопјанецот Таневски имаше премиера во Македонија во салонот на импортерот „Мак Аутостар“ на 14 септември минатата година. Станува збор за моделот „ГЛЦ купе“, за кој што Таневски кажа дека е СУВ купе, со подинамичен карактер, биполарно возило за офроуд, но и за во град да изгледа убаво.

    УБАВО Е ЧУВСТВОТО ДА МУ ДАДЕШ НЕШТО СВОЕ НА СВЕТОТ, ВЕЛИ СЛАВЧЕ ТАНЕВСКИ, ДИЗАЈНЕР НА НАЈНОВИОТ МОДЕЛ НА МЕРЦЕДЕС

    Неговиот нов модел „концепт ЕКА“ претставува сосема нова, иновативна технологија на ласерски светла, со специфичен изглед.

    Опсегот на движење со помош на батеријата е околу 400 километри, во зависност од капацитетот на инсталираната батерија.

    „Нашата иницијатива за електрични возила постепено се зголемува. До 2022 година, ‘Мерцедес-Бенц’ ќе лансира повеќе од 10-тина електрични возила, а новиот модел ‘концепт ЕКА’ е доказ за сериозноста во намерите на ‘Дајмлер’ за производство на електрични возила“, изјави првиот човек на „Мерцедес-Бенц“ Дитер Цече.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира