19 ПАТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ТРИ ВОЗИЛА ВО БИТОЛА

    19 ПАТНИЦИ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ТРИ ВОЗИЛА ВО БИТОЛАПатниците во комбето се враќале од работа во битолска фабрика. (Фото: СДК.МК)

    Деветнаесет патници, од кои шесрмина потешко, се повредени во сообраќајна несреќа попладнево околу 14.40часот на Краварски пат во Битола. Сите повредени во сообраќајката се префрлени на преглед во Клиничка болница Битола, но никој не е задржан.

    Спoред СВР Битола, сообраќајната несреќа настанала меѓу три возила, автомобил, комбе со работници од битолска фабрика и паркиран влекач. Од Болницата соопштија дека 19 лица се донесени на преглед, од кои шестмина потешко повредени. Пациентите се прегледуваат и се вршат дијагностички процедури.

    Патниците во комбето се враќале од работа во битолска фабрика.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира