100 ДИВИ ДЕПОНИИ  ГИ ЗАТРУПАА СО ЃУБРЕ СТРУМИЧКИТЕ СЕЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    100 ДИВИ ДЕПОНИИ  ГИ ЗАТРУПАА СО ЃУБРЕ СТРУМИЧКИТЕ СЕЛА

    Речиси во секое населено место во струмичко има една до две диви депонии кои се наоѓаат покрај локални патишта, реки, канали.  Ѓубре се фрла насекаде, независно дали во селата има организирано собирање на отпадот или не. Луѓе со натоварени запрежни коли или трактори  секојдневно  фрлаат разновиден отпад . Најалармантно е во оние населени места каде општинските комунални претпријатија  организирано не го собираат ѓубрето, па жителите сами се снаоѓаат во собирањето, транспортот и депонирањето. Не е поразлично и во оние села каде комуналците обезбедиле садови за отпад како за домаќинствата, така и за правните лица. Жителите по навика си фрлаат во атарите на селата и ја загадуваат околината.

    Регионалната депонија „Шапкар“ кај Добрашинци требаше да ги затвори сите депонии во југоистокот, но се изјалови договорот со австриската „АСА“ (Фото: СДК.МК)

    Регионалната депонија „Шапкар“ кај Добрашинци требаше да ги затвори сите депонии во југоистокот, но се изјалови договорот со австриската „АСА“ (Фото: СДК.МК)

    ,,Потребна е контуинирана едукација на населението, потоа комуналните претпријатија да воспостават систем на организирано собирање на отпадот, но и да се применуваат  казни од  комуналните инспектори. Според мене, станува збор за колективна одговорност. Вина има не само кај граѓаните туку и кај институциите, пред сѐ кај општинските комунални претпријатија кои мора да обезбедат услови за складирање, собирање и транспорт на отпадот, но и инспекциските служби кои мора да почнат да казнуваат“, вели Митко Шопов од еколошкото друштво „Планетум“, кој потенцира дека екологистите  спровеле повеќе акции и кампањи, но дивите депонии контуинирано  се појавуваат.

    Се претпоставува дека во струмичко има над 100 диви депонии каде се фрла од комунален па сѐ до цврст отпад, а понекогаш и изумрени диви животни. Комуналните претпријатија ги чистат, но во рок од неколку месеци  повторно се појавуваат купишта ѓубре на влезовите од селата или во нивните атари. Од струмички „Комуналец“  признаваат дека тешко се справуваат со дивите депонии и покрај сите апели до граѓаните.

    Селаните отпадот главно го фрлаат на диви депонии (Фото: СДК.МК)

    Селаните отпадот главно го фрлаат на диви депонии (Фото: СДК.МК)

    ,,Проблем ни се дивите депонии. Годишно двапати ги чистиме, но повторно се создаваат. Постојано апелираме до граѓаните да не го фрлаат ѓубрето кај што ќе им текне. Се обидовме и механички да ги затвориме приодите кон тие локации, но не успеваме. Во поголемиот дел од струмичките населени места двапати неделно го собираме отпадот, но навиките кај жителите тешко се менуваат“, вели Зоран Ѓеоргиев, директор на ЈП „Комуналец“ од Струмица.

    Тој вели дека  поголемиот дел од дивите депонии се резултат на тоа што нема организирано собирање на отпадот, па жителите сами да се снаоѓаат со ѓубрето.

    ,,Имаме населени места каде што сѐ уште  не сме влегле со собирање на ѓубрето. Според проекциите, а во договор со месното население, до крајот на годината ќе почнеме  организирано собирање  на отпадот од селата Вељуса, Водоча, Костурино, Баница и ридско-планинските села. Во моментов немаме средства за да им обезбедиме садови, но за идната година ќе планираме средства во Буџетот“, вели Ѓеоргиев.

    Дива депонија кај Грдасроци (Фото: СДК.МК)

    Дива депонија кај Грдасроци (Фото: СДК.МК)

    Услуга за организирано собирање на отпадот не се испорачува во сите села и во останатите општини од Струмичкиот регион.  Василево, Босилово и Ново Село имаат свои комунални препријатија,  но тие отпадот го собираат само од општинските центри и населените места кои гравитираат околу него.  Во поодалечените не се испорачува собирање ѓубре.  Сепак, и онаму каде општинските комунални претпријатија вршат организирано собирање на отпадот, ѓубрето се собира само од оние домаќинства кои сакале и склучиле договор за таа услуга.

    „Сметам дека одговорноста лежи во комуналните претпријатија. Ако во едно село се планира организирано собирање на отпадот, треба на сите домакинства без исклучок  да им се обезбедат садови и да се испорача оваа услуга, а не по принципот кој  сака. Тој што не сака, кај го фрла ѓубрето? Во моето маало, само од 10-тина домаќинства се собира отпадот, а од останатите не,  бидејќи не сакале таква услуга“, вели жител од Босилово.

    НИКОЈ НЕ Е КАЗНЕТ, ОТИ НИКОЈ НЕ ПРИЈАВУВА

    Паралелно тешко оди и казнувањето на  загадувачите на животната средина кои фрлаат комунален отпад. Комуналните инспектори од сите општини тврдат дека тешко оди пријавувањето и идентификацијата на несовесните граѓани кои го оставаат ѓубрето на несоодветни локации.

    ,,Проблем ни се дивите депонии. Годишно двапати ги чистиме, но повторно се создаваат“, велат комуналците (Фото: СДК.МК)

    ,,Проблем ни се дивите депонии. Годишно двапати ги чистиме, но повторно се создаваат“, велат комуналците (Фото: СДК.МК)

    „Обично добиваме пријави и барања за чистење на дивите депонии, но ретко кој граѓанин пријавува загадувачи, под изговор дека не сакаат да се замерат со соселаните“, велат инспекторите од струмичките општини, кои признаваат дека  тешко оди казнувањето.

    Центарот за развој на југоистокот во наредниот период ќе врши мапирање на дивите депонии. И од таму се согласуваат дека во струмичко има над 100 поголеми диви депонии. Паралелно ќе работат  и на изготвување на општински планови за управување со отпадот, за да ПОЧНЕ организирано собирање на ѓубрето  од руралните средини.

    Регионалната депонија „Шапкар“ кај Добрашинци  требаше да ги затвори сите депонии во југоистокот . Општините од  овој дел од државата не се договорија со австриската „АСА“, која требаше да инвестира околу 20 милиони евра и да го превземе бизнисот за собирање, транспорт и складирање на отпадот од сите 10 општини.  Двегодишните преговори запнаа околу цената и проценката на комуналните претпријатија. Австријците бараа домаќинствата од урбаните средини да плаќаат по околу 500 денари месечно, а од руралните средини по 300, што е двојно повеќе од сегашните цени што ги наплакаат општинските комунални претпријатија. Сега се бара нова компанија, која ќе сака да гради регионална депонија и ќе го собира отпадот од 10 те општини од југоистокот.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира