128 СЕМЕЈСТВА ОД СКОПСКО ЛИСИЧЕ СО ПОМОШ ОД ШВЕДСКА ГО СМЕНИЈА НАЧИНОТ НА ГРЕЕЊЕ ЗА ДА НЕ ЗАГАДУВААТ

    128 СЕМЕЈСТВА ОД СКОПСКО ЛИСИЧЕ СО ПОМОШ ОД ШВЕДСКА ГО СМЕНИЈА НАЧИНОТ НА ГРЕЕЊЕ ЗА ДА НЕ ЗАГАДУВААТНа двата повици се пријавиле 256 домаќинства, но условите ги исполните 123 и кај нив од ноември ќе започне промената на начинот на затоплување на домовите.(Фото: СДК:МК)

    Зимава 128 домаќинства од скопската населба Лисиче нема да загадуваат односно ќе ги променат печките на дрва или јаглен со инвертери, топлотни пумпи или печки на пелети. Овие семејства добија грант од  Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во висина до 10.000 евра за замена на начинот на греење на домовите.

    Финансиската поддршка за воведување на овие мерки е обезбедена од Владата на Шведска преку проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“.

    На двата повици се пријавиле 256 домаќинства, но условите ги исполните 123 и кај нив од ноември ќе започне промената на начинот на затоплување на домовите.

    „Во рамките на првиот повик се пријавија 165 граѓани. Кај 60 домаќинства беше спроведена енергетска контрола, 54 домаќинства ги продолжија преговорите откако им беа презентирани условите. Со нив ќе работиме на имплементација на мерките предложени од енергетската контрола и прифатени од домаќинствата како замена на фасада, покрив, прозорци и грејни тела. Во рамките на вториот повик кој предвидува само замена на грејни тела и стари надворешни прозорци се пријавија вкупно 91 домаќинство, а 74 се селектирани за поддршка. Во финална фаза сме на набавка и инсталација на новите грејни тела“, велат од канцеларијата на УНДП во земјава.

    Населбата Лисиче е предложена како тест зона, бидејќи мерењата на загаденоста на воздухот во Скопје покажале дека овој дел е меѓу најкритичните во Скопската котлина. Од УНДП велат дека се во преговори со донаторите за продолжување на овој проект и во други скопски населби каде жителите се греат на нееколошки начин.

     

    А. АНТЕВСКА  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира