18-ГОДИШНИК ОД ТЕТОВСКО ИСПРАЌАЛ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ПОСТАВИ БОМБИ И ЌЕ ИЗВРШИ УБИСТВО ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ 

    18-ГОДИШНИК ОД ТЕТОВСКО ИСПРАЌАЛ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ПОСТАВИ БОМБИ И ЌЕ ИЗВРШИ УБИСТВО ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ 18-годишниот М. Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, рече МВР. (Фото: СДК.МК)

    Вчера тетовската полиција привела 18-годишно момче од тетовското село Палатица, откако неколку професори од Средното медицинско училиште во Тетово пријавиле дека добиле информации за ученик кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.

    „Вчеравечер во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште ‘Никола Штејн‘ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М. Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во село Палатица, Тетовско, во дом и помошни простории на Р. Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М. Р. (18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М. Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопштуваат од СВР Тетово.

    Во февруари годинава, на неколку пати во некои тетовски основни и средни училишта имаше пратено дојави за поставени експлозивни направа, поради што имаше и прекини во наставата. Тетовската полиција набрзо го приведе лицето М. Р. од село Палатица за кое посочи дека ги праќало заканите. Засега нема официјални информации, но неофицијално се зборува дека се работи за истото лице кое сега се заканувало со поставување бомби и со убиства во Средното медицинско училиште.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира