200 КОНТЕЈНЕРИ ЗАПАЛЕНИ ВО СКОПЈЕ ЗА 2 ГОДИНИ, СИТЕ ПРИЈАВЕНИ ВО ПОЛИЦИЈА АМА НИКОЈ НЕ Е ФАТЕН

    200 КОНТЕЈНЕРИ ЗАПАЛЕНИ ВО СКОПЈЕ ЗА 2 ГОДИНИ, СИТЕ ПРИЈАВЕНИ ВО ПОЛИЦИЈА АМА НИКОЈ НЕ Е ФАТЕНВчера, на булеварот Партизански одреди пред ТЦ „Буњаковец“ за време на полицискиот час беа уништени два нови контејнери. (Фото: Фејсбук)

    За две години низ Скопје се запалени над 200 контејнери, но ниту еден сторител не е фатен и санкциониран. Последен случај на намерно палење беше регистриран вчера, кога на булеварот Партизански одреди пред ТЦ „Буњаковец“, за време на полицискиот час, беа уништени два нови контејнери. Пред 10 дена во центарот на Скопје околу 16 часот, исто така беа запалени и целосно изгореа 4 контејнери.

    „Станува збор за намерно потпалување на контејнерите. Дури и сега, кога се наоѓаме во кризна состојба и се соочуваме со пандемија, некои лица си палат контејнери. За десет дена уништени се 6 од новите контејнери. Сите случаи уредно се пријавени во Министерството за внатрешни работи, притоа е приложена и фотографија, податоци и изјава од нашите служби. Но, досега ниту еден сторител не е фатен. Џабе се нашите апели, мора да има санкции за да се престане со уништување“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

    Шабани, заради спречување на ширење на КОВИД-19, апелира граѓаните ѓубрето, а особено заштитните маски и ракавици да ги одлагаат во кеси и притоа тие убаво да бидат затворени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира