30 ФИРМИ ОД ПОЛОШКО КОИ ПРЕРАБОТУВААТ ДРВО ЌЕ ДОБИЈАТ БЕСПЛАТНИ ФИЛТРИ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ

    30 ФИРМИ ОД ПОЛОШКО КОИ ПРЕРАБОТУВААТ ДРВО ЌЕ ДОБИЈАТ БЕСПЛАТНИ ФИЛТРИ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТПовикот за аплицирање завршува на 23 септември (Фото: СДК.МК)

    Владата преку Министерството за животна средина целосно ќе го субвенционира поставувањето филтри на оџаците на 30 мали и средни претпријатија од Тетово кои се занимаваат со преработка на дрво. Тие во својот производствен процес и за загревање палат иверка и друг отпаден материјал, што значително придонесува за и онака големата загаденост на воздухот во Полошкиот регион.

    „Во овој момент тече повик за малите и средните претпријатија кои се занимаваат со преработка на дрво или се дел од дрвната индустрија да аплицираат за добивање 100% субвенции за инсталирање филтри на оџаците. На овој начин ќе се субвенционираат 30 вакви претпријатија од Полошкиот регион, за што се издвоени 2,5 милиони денари. Повикот за аплицирање завршува на 23 септември“, изјави заменик министерот за животна средина Јани Макрадули при денешната посета на фирмата „Њу дизајн“ во Тетово.

    Идејата за поставувањето на вакви филтри потекнала од тетовското еколошко движење „Еко герила“.

    „Задоволни сме што Владата успеа да ја види оваа наша иницијатива и да го субвенционира поставувањето филтри. Сметаме дека со ваквата интервенција загадувањето на воздухот значително ќе биде намалено. Добро е што Владата презема нешто, за разлика од градската власт, која не одвојува ниту денар за борбата против загадениот воздух. Исто така бараме од Владата да го продолжи рокот за аплицирање, бидејќи, според наши информации, голем дел од фирмите што произведуваат мебел не слушнале за повикот“, вели Аријанид Џафери од „Еко герила“.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира