30 ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПОБАРАЛЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ БЕСПЛАТНО ЧИСТЕЊЕ НА НИВИТЕ И СТРНИШТАТА

    30 ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПОБАРАЛЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ БЕСПЛАТНО ЧИСТЕЊЕ НА НИВИТЕ И СТРНИШТАТАГрад Скопје минатата недела расчисти неколку стрништа-Од акцијата во Општина Сарај. (Фото: Град Скопје)

    Триесетина граѓанин до сега побарале од Град Скопје бесплатно да им бидат исчистени нивните и подигнат отпадот. Во рамките на акцијата земјоделците да не ги палат стрништата и нивите кои ги обработуваат, Град Скопје минатата недела расчисти неколку стрништа.

    „Пријавите се веќе ставени на список и во текот на оваа недела ќе се продолжи со интервенирање. Има и граѓани кои се јавуваат да им подигнеме трева од двор и нормално дека нив ги одбиваме. Акцијата е со цел да ги спречиме секојдневните пожари кои се јавуваат поради палењето на нивите и стрништата“, велат од Град Скопје.

    Земјоделците од скопските општини може да се пријават на телефонскиот број 071 395-395 и на вработените во Град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 8 до 20 часот. Градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собира растителниот отпад и ќе го одлага во Дрисла.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира