32-ГОДИШНИОТ БИТОЛЧАНЕЦ КОЈ ПОЧИНА ОД КОВИД ПРВО ОДБИВАЛ ДА ОСТАНЕ В БОЛНИЦА, А ИМАЛ ХРОНИЧНА БОЛЕСТ И НЕ БИЛ ВАКЦИНИРАН

    32-ГОДИШНИОТ БИТОЛЧАНЕЦ КОЈ ПОЧИНА ОД КОВИД ПРВО ОДБИВАЛ ДА ОСТАНЕ В БОЛНИЦА, А ИМАЛ ХРОНИЧНА БОЛЕСТ И НЕ БИЛ ВАКЦИНИРАНБитолчанецот и 30-годишно лице од Велес се меѓу вкупно 13 починати од коронавирус за 24 часа, од кои пет се целосно вакцинирани. (Фото: СДК.МК)

    32-годишниот битолчанец кој денеска почина од коронавирус, иако бил во тешка состојба одбил да биде хоспитализиран, а имал хронично заболување и не бил вакциниран. Тој имал заболување на црниот дроб и прекумерна тежина, соопштија од Министерството за здравство.

    „Позитивен е од 18.01.2022, прв преглед направен ден претходно кога одбивал хоспитализација, во тешка општа состојба со ниска сатурација. На негово барање примен во дневна болница на 18.01. но поради екстремно тешка состојба задржан вечерта во болница, дадена соодветна терапија и кислородна поддршка. Биле преземени реанимациски мерки, но почина денес во раните утрински часови“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

    Битолчанецот и 30-годишно лице од Велес се меѓу вкупно 13 починати од коронавирус, од кои пет се целосно вакцинирани. Уште 1.172 заразени од 4.021 тест, се регистрирани за последниве 24 часа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира