33-ГОДИШНА ЖЕНА СОМНИТЕЛНА НА КОВИД-19 ПОЧИНА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА,ПОБАРАНА ОБДУКЦИЈА

    33-ГОДИШНА ЖЕНА СОМНИТЕЛНА НА КОВИД-19 ПОЧИНА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА,ПОБАРАНА ОБДУКЦИЈАПациентката била примена во болницата како сомнителна на ковид-19, без потврден тест. (Фото: СДК.МК)

    33-годишна жена утринава почина на Инфективното одделение во болницата во Битола. Пациентката не била позитивна на вирусот, но била хоспитализирана како сомнителна на ковид-19. За да се утврди причината на смртта, побарана е судско-медицинска обдукција врз телото на починатата.

    „Синоќа е примена пациентката на 33 години на Инфективното одделение во Битола како сомнителна на ковид-19, без потврден тест. Хоспитализирана е и дадена е соодветна терапија. По влошување на ситуацијата преземени се реанимациони мерки. Побарана е обдукција. Според податокот од дежурните лекари, во системот не се заведени коморбидитети, освен обезност. Пациентката не била вакцинирана“, велат од Клиничката болница Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира