4.000 ТОНИ ОД ЛАНСКИОТ РОД НА СОНЧОГЛЕДОТ ЗАВРШИЛЕ ЗА ГРИЦКАЊЕ

    4.000 ТОНИ ОД ЛАНСКИОТ РОД НА СОНЧОГЛЕДОТ ЗАВРШИЛЕ ЗА ГРИЦКАЊЕЗемјоделците најавија дека годинава ќе има 20 отсто повеќе површини засеани со сончоглед (Фото: СДК.МК)

    инатата година, родот на сончогледот во Македонија изнесувал 15.000 тони, од кои велешката фабрика за масло „Маслодајна“ откупила 11.000. Остатокот од 4.000 тони завршил како сончоглед за грицкање, информираа земјоделците.

    Овие 4.000 тони се род од малите производители, кој се користи како сончоглед за грицкање. Тоа количество во голем дел заврши како извоз во Косово“, кажа Никола Петковски, претседателот на Здружението на производителите на сончоглед.

    Задоволни од ланската откупна цена, земјоделците најавија дека годинава ќе има 20 отсто повеќе површини засеани со сончоглед, бидејќи постои сигурност дека родот ќе биде откупен.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира