5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КУМАНОВСКИОТ РАЗГРАНОК НА ДУИ ЗА УБИСТВО НА КОМАНДАНТ ШИПОЊА

    5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КУМАНОВСКИОТ РАЗГРАНОК НА ДУИ ЗА УБИСТВО НА КОМАНДАНТ ШИПОЊАБајран Лимани од Лојане, претседател на кумановскиот рагзранок на ДУИ пред кумановскиот суд(Фото:СДК.МК)

    На 5 години затвор за убиство и две години за нелегално поседување на оружје е осуден Бајран Лимани од Лојане, претседател на кумановскиот разгранок на ДУИ.

    Тој е осуден за убиството на Џемаил Реџепи (45) во 2015 година, познат како команадант Шипоња. Второобвинетиот Амир Љатифи од Куманово доби казна од вкупно 3,3 години, бидејќи рани две лица во крвавата пресметка што пред две години се случи во кафе бар.

    Кривичниот совет во Основниот суд Куманово, ги прогласи двајцата за виновни, при што на Лимани за извршено кривично дело убиство му изрече казна од 5 години, а за недозволено поседување на оружје 2 години, или вкупна казна затвор од 7 години, додека Љатифи за предизвикување на општа опасност доби казна од 1,3 години затвор и 2 години за недозволено поседување на оружје.

    Семејството на командант Шипоња не се задоволни од пресудата и најавуваат жалба.

    “Ова е второ убиство за нас. Ние очекувавме дека ќе ја ублажат казната, но не верувавме до овој степен. Да се изрече казна од 5 години за некој што извршил убиство, тоа е ненормална работа. Сега се докажа дека судот работи по директива на политичките партии. Ние ќе бараме случајот да го преземе Специјалното јавно обвинителство, бидејќи се знае какво ни е судството, слушнавме и во бомбите на опозицијата како функционираат судовите во цела Македонија“, изјави Љузем Алити, братучед на Џемаил Реџепи, командант Шипоња.

    Од семејството најавија дека ќе поднесат жалба до Апелација, а одбраната не сакаше да ја коментира пресудата.

    Реџеп Исмаили (45), познат како командант Шипоња, беше убиен на 23 јули 2015 година, во кафе бар во кумановската населба Бедиње поради партиски недоразбирања.

    Помеѓу Лимани и Шипоња постоела нетрпеливост кој да го води огранокот на ДУИ во Куманово. По притворањето на Лимани, во огранокот на ДУИ во Куманово не е избран нов претседател, туку само кординатор кој раководел со партиските активности.

    Осудените ќе останат во домашен притвор до правосилноста на пресудата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира