50 ПЕЛАГОНИСКИ СЕЛА ПИЈАТ ЗАГАДЕНА ВОДА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    50 ПЕЛАГОНИСКИ СЕЛА ПИЈАТ ЗАГАДЕНА ВОДА

    Проблем со загадена вода за пиење имааат над 50 пелагониски села од општините Битола, Новаци, Могила со над 14.000 жители. Според извештајот на Центарот за јавно здравје, тоа се села кои со вода за пиење се снабдуваат од сопствени водоводи кои се запуштени до крајни граници.  Водоводите не се редовно одржувани и водата не е хлорирана. Од 35 села во Битолско замени биле 156 мостри, а резултатите покажале  дека 87 проценти или 136 од примероците биле бактериолошки загадени, а 11 хемиски. И најголемиот дел од крајпатните, планинските, селските чешми,  па и оние крај манастирските комплекси се загадени.

    Директорoт од јавното претпријатие „Водовод“ од Битола, Горан Стефановски објаснува дека водоводите во некои села можат да се санираат со помал зафат, но некаде состојбата е многу лоша и неопходни се поголеми и поскапи интервенции. Летово „Водовод“ почна со одржување на локалните водоводи во селата Лисолај и Лопатица, па тие веќе добиваат исправна вода за пиење и ќе ги добијат првите сметки за вода. Но, директорот вели дека има села каде населението не се сложува да плаќа за вода, па не можат да им ги одржуваат водоводите или да ги поврзат за градската водоводна мрежа.

    „Има села чии жители не се расположени да ни ги предадат водоводите на одржување и да платат за тоа. Потребно е половина од населението да се сложи. Оние кои живеат во повисоките делови од селата немаат вода поради слаб притисок, а оние долу ја користат без штедење, нема солидарност, па дел не се сложуваат да плаќаат за вода“, вели Стефановски.

    Преку општина Битола се реализира проект за поврзување кон градскиот вододвод на три села, но за да се вклучат сите потребна е огромна инвестиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари