70 ОТСТО МЛАДИ ВО ПРИЛЕП ИДНИНАТА СИ ЈА ГЛЕДААТ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    70 ОТСТО МЛАДИ ВО ПРИЛЕП ИДНИНАТА СИ ЈА ГЛЕДААТ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА

    Прилепчанецот Александар Џ. (30) е дипломец на Економски факултет во Скопје и 8 години e без работа. Разочаран од системот, од економската стагнација како што вели, и од фактот што младите во Македонија се вработуваат само со партиска книшка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, сериозно е заинтересиран да се исели од земјава.

    „Срамна е одлуката да се напушти сопствената земја, во нормални услови. Но, оваа Македонија со оваа Влада е држава која младите ги дели на ’ваши’ и ’наши’. А, бидејќи јас не сум во нивните ’наши’, не можам да добијам работа. Затоа размислувам да си заминам од Македонија,бидејќи ако нема промени по изборите, јас не гледам иднина во оваа земја“, вели Александар Џ.

    Младата Јосипа Р. исто така донесе дефинитивно одлука и си замина од Македонија, зашто како што вели, овде услови за просперитет на млади луѓе без партиски книшки нема. Освен тоа, за неа е демотивирачка платата од 200 евра за високобразован човек.

    „Нормално е младите да размислуваат да заминат од оваа земја. Овде младите немаат мотив да останат. Ова е земја само на сонцето и вкусната храна, а државата не води сметка за квалитетот на кадрите кои ги вработува. Предност имаат само младите со партиски книшки. Според тоа, кој би бил мојот мотив како иден доктор на науки, да останам овде. Партискиот ангажман не е во мојата агенда,затоа заминувам во скандинавските земји, каде условите за образование и напредок на младите се идеални. Згора со 200 евра плата, кои би ги добивала овде, не само што ќе ми биде девалвиран трудот, туку јас не ќе можам утре да си ги покријам трошоците, а не да им обезбедат пристојна иднина на моите деца, кога ќе формирам семејство“, ни рече Јосипа Р. пред заминувањето во странство.

    Овие двајца соговорници се само дел од армијата млади кои го напуштија Прилеп. Работа на брод, стапување во брак со непознат само за да се добие зелена карта, вадење бугарски пасош, се само дел од начините и патиштата што ги користат младите, за да си обезбедат сигурна иднина во странство.

    И средношколците и дипломците, бараат начини, преку поволни стипендии да го продолжат своето школување во странство и така да си гарантираат подобра иднина, со верба дека не само што ќе добијат поквалитетно образование, туку и можност да дојдат до работа и европско државјанство.

    Работа на брод, стапување во брак со непознат само за да се добие зелена карта, вадење бугарски пасош, се само дел од начините со кои младите од Прилеп се иселуваат во странство (Фото: СДК:МК)

    Работа на брод, стапување во брак со непознат само за да се добие зелена карта, вадење бугарски пасош, се само дел од начините со кои младите од Прилеп се иселуваат во странство (Фото: СДК:МК)

    Масовното иселување е во агендите и на невладиниот ресор. Граѓанската асоцијација ПАКТИС од Прилеп, во рамки на проектот „Младински фронт“ уште пред две години спроведе елeктронска анкета на репрезентативен примерок од 318 млади на возраст до 30 години.

    „Најголем дел, или 46 отсто анкетирани млади луѓе, воопшто не се евидентирани во Агенцијата за вработување, а 26 отсто се водат како невработени повеќе од 3 години. Околу 69 отсто млади во Прилеп, својата иднина ја гледаат надвор од Македонија, 16 отсто планираат да мигрираат во Скопје, а само 15 отсто да останат во родниот град. Вработувањето е најголема причина поради која би го напуштиле Прилеп и државата. Вака се изјасниле 53 отсто анкетирани млади, додека 32 отсто ниските примања ги лоцираат како најголема кочница за живот во Македонија“, велат од „ПАКТИС“, коментирајќи ги анализите на анкетата.

    Од „Коузон“, македонската компанија која посредува при обезбедување работа на брод, потврдуваат дека младите од Македонија и натаму покажуваат интерес за работа во странство.

    „Интерес за работа во странство постои, но реално нема многу голем избор, пред сѐ поради неможноста регуларно да се работи со македонски пасош во државите на ЕУ. Еден добар дел од оние кои бараат работа, посегнуваат по бугарските пасоши, би рекол, за жал“, изјави Зоран Кочоски,сопственик на компанијата.

    A, според младинската коалиција „СЕГА“ масовното иселување на младите е последица на недовербата на младите кон институциите, особено последица на социјалната апатија.

    „Итно треба да се направи стратегија, како да се обезбеди побрз пристап и вработување, од образованите институции директно до работно мето. Тоа е она коешто треба да им се понуди на младите. Затоа треба да го забрзаме процесот да најдат работа“, вели Зоран Илиески, претседател на „СЕГА“.

    Во Општина Прилеп согласно со законот, Комисијата за општествени дејности ги избра членовите на првиот Младински совет. Но, агендата на овој Совет и ефектите од неговото формирање сѐ уште не им се познати на јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира