84% ОД РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО БИТОЛСКИ БАИР Е НЕОБРАЗОВАНО, ДОНИРАНИ РАНЦИ И УЧИЛИШТЕН ПРИБОР ЗА РОМИТЕ ПРВАЧИЊА

    84% ОД РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО БИТОЛСКИ БАИР Е НЕОБРАЗОВАНО, ДОНИРАНИ РАНЦИ И УЧИЛИШТЕН ПРИБОР ЗА РОМИТЕ ПРВАЧИЊАЦелта на проектот е да се зголеми опфатот на ромски деца во образованието (Фото: И. Кочов)

    Податоците за образовната структура на ромското население во битолската населба Баир, до кои преку истражување дојде фондацијата „ПРЕД плус“, се загрижувачки. Лидија Ангеловска, претставничка на фондацијата, соопшти дека 84% од жителите се без образование или со неоформено основно образование. Само 10% завршиле основно училиште, 4% се со завршено средно образование, а 2% имаат високо образование.

    Само 44% жители имаат пристап до интернет, а 15% поседуваат компјутер или лаптоп, што дополнително го отежнува процесот на вклучување во образованието, имајќи го предвид фактот дека за време на пандемијата наставата генерално се одржуваше онлајн. Со истражувањето беа опфатени 840 жители на Баир.

    Со цел зголемување на опфатот на ромски деца во образованието, оваа фондација преку проектот „Баир – Заедничка акција за интеграција на Роми во Општина Битола“ донираше ранци со училиштен прибор за сите првооделенци во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев” во Битола. Кампањата се реализира во соработка со училиштето, здружението „Сумнал“, образовните медијатори и Министерството за образование, финасиски поддржана од Европската комисија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира