АЕРОДРОМ ГО УСВОИ ПЛАНОТ КОЈ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА, АЕРОДРОМЦИ ЌЕ ГО ОСПОРАТ НА УСТАВЕН СУД

    АЕРОДРОМ ГО УСВОИ ПЛАНОТ КОЈ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА, АЕРОДРОМЦИ ЌЕ ГО ОСПОРАТ НА УСТАВЕН СУДГрадоначалникот Ивица Коневски ненајавено на само неколку дена пред истекот на мандатот ја протурка точката за промена на ДУП-от на дневен ред во Советот со што ќе се изградат повеќекатници, а на местото на зеленилото покрај Вардар и кај Мајчин дом ќе има паркинзи и гаражи - со претседателот на Советот Виктор Камиловски

    Советот на Општина Аеродром го усвои планот за кој советниците од опозицијата предупредуваа дека ќе предизвика  еколошка катастрофа оти предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин дом и покрај Вардар, а на местото на сегашни градби превидува паркинзи. Советниците го изгласаа планот и покрај протестот на жители на Аеродром кои се собраа пред општинската зграда. Тие поставија голем транспарент со порака „Стоп за  новиот ДУП, сакаме Аеродром да дише“ и останаа пред општината се додека траеше седницата.

    По усвојувањето на ДУП-от, револтираните граѓани најавија дека ќе го оспорат на Уставен суд.

    „Сега чаре ни е само Уставниот суд оти имаме сериозни забелешки на планот кои не се замени предвид“, најавија дел од насобраните жители на Аеродром.

    Деталниот план беше ставен ненадејно како дополнителна точка на дневен ред. Тоа уште повќе го зголеми револтот на жителите, а советникот Златко Марин преку социјалните мрежи ги повика аеродромци јавно да го покажат револтот и да излезат на протест пред Општината.

    Жителите на Аеродром со месеци се борат против усвојувањето на овој план. Тој еднаш беше вратен на доработка, а од Општината најавија дека ќе ги земат предвид забелешките од граѓаните. Многумина се пожалија дека единствениот одговор што го добиле на забелешките е дека тие не се прифатени.

    Планот се однесува на делот покрај Вардар од Железничка станица до Мајчин дом и предвидува низа нови објекти поради кои се одзема од зеленилото, како и сервисни улици и паркинзи во служба на новите објекти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира