АЈВАРКАТА СЕ ПРОДАВА ЗА ПОЛА ЦЕНА ОД ДОГОВОРЕНАТА, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ БАРААТ ПОМОШ ОД МИНИСТЕРОТ ЦВЕТКОВ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:13:"td_source_url";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АЈВАРКАТА СЕ ПРОДАВА ЗА ПОЛА ЦЕНА ОД ДОГОВОРЕНАТА, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ БАРААТ ПОМОШ ОД МИНИСТЕРОТ ЦВЕТКОВ

    На терен ги нема договорените цени за откуп на црвена пиперка во струмичко, велат земјоделците кои деновиве своето производство го предаваат по цена од 12 до 16 денари за килограм. Според нив, трговците или го намалиле интензитетот или воопшто не откупуваат црвена пиперка што резултирало и со пад на цените.

    Пролетва, земјоделците, преработувачите и преставници на министерството за земјоделство со министерот Михаил Цветков на средба ги утврдија цените по кои треба да се откупува ајварката – со најдобар квалитет или екстра класа да се откупува за 20 до 25 денари за килограм додека прва-втора класа од 18 до 20 денари. Но, по откупните пунктови објавените цени достигнуваат едвај до 16 денари иако се нуди екстра класа велат земјоделците.

    „И овој пат земјоделскиот производител е изманипулиран. Од една страна со ниските откупни цени и од друга страна од она што беше договорено во март годинава со преработувачите и министерот Цветков. Нека дојдат сега за да видат дека се откупува по цена од 12 до 16 денари иако пиперките се со квалитет од прва или екстра класа“, вели Ристо Велков од Сојузот на синдикати на земјоделски производители од Струмица.

    Трговците и откупувачите тврдат дека договорените цени не важеле за нив, туку меѓу земјоделците и преработувачите. Тие работеле на принципот понуда и побарувачка на црвена пиперка на пазарот, со истакнување на неделни откупни цени. Преработувачите тврдат дека откупувале според условите од склучените договори со земјоделците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира