АКУМУЛАЦИЈАТА МАВРОВИЦА КАЈ СВЕТИ НИКОЛЕ ПРИВЛЕКУВА РИБОЛОВЦИ ОД ЦЕЛАТА ДРЖАВА, А РИБНИОТ ФОНД СЕ ЗАШТИТУВА СО ПОСЕБЕН ПРИРАЧНИК

    АКУМУЛАЦИЈАТА МАВРОВИЦА КАЈ СВЕТИ НИКОЛЕ ПРИВЛЕКУВА РИБОЛОВЦИ ОД ЦЕЛАТА ДРЖАВА, А РИБНИОТ ФОНД СЕ ЗАШТИТУВА СО ПОСЕБЕН ПРИРАЧНИКЗаради зачувување на рибниот фонд во време на мрестење, рибарите имаат и одредени забрани (Фото: СДК.МК)

    Месноста Мавровица, која се простира покрај истоимената акумулација кај Свети Николе, привлекува излетници од Кочани, Штип, Куманово, Пробиштип, Велес, Скопје, Свети Николе, а понекогаш и од пооддалечените градови во Македонија.

    Сместена на седум-осум километри североисточно од Свети Николе, покрај регионалниот пат за Пробиштип, малата брана „Мавровица“ веќе две години има концесионер. Тоа е фирмата Електроника од Свети Николе, која ги регулира риболовот и порибувањето и се грижи за редот и чистота на просторот. Општина Свети Николе пред една деценија го уреди брегот со летниковци и го пошуми просторот околу браната.

    Излетниците имаат можност да ги користат густата борова шума и летниковците за седенка. Поставени се на неколку места, таму каде што најмногу се рибари“, вели главниот менаџер на концесионерот, Кирил Николов.

    Просторот околу Мавровица е пошумен и поставени се повеќе летниковци (Фото: СДК.МК)

    За да има ред во риболовот и на просторот околу браната, тој изработил мал прирачник за користење на рибниот фонд во акумулацијата Мавровица, кој содржи упатства и законски регулативи за риболов, како и апели да се чува природата.

    „Заради зачувување на рибниот фонд во време на мрестење, рибарите имаат и одредени забрани. Некои подрачја се под целосна забрана, а некои само за одреден вид на риба. Во овој период има целосна забрана за ловење амур и таканаречениот гол израелски крап. Од 3 мај до 4 јуни е забранет риболовот на крап и клен, а од 7 мај е дозволен само риболовот на црвеноперка и лињак. Во останатиот период од годината, можат да се фаќаат сите видови риба“, појасни Николов.

    Прирачникот што го добиваат риболовците содржи извадоци од Законот за рибарство и аквакултура за количеството риби што смее да се лови по видови, кои риболовни средства се (не)дозволени и какви се казните за тие што нема да го почитуваат пропишаното.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира